Заборавете на прескапиот Јадран, овде летувањето е навистина евтино - кафе за 0,6 центи, 6 евра ручек во ресторан

Летото е пред нас, а оние кои планираат да заминат надвор од земјава почнаа да уплаќаат аранжмани.

Постои дестинација која е евтина, а станува се попопуларна, а тоа е Бугарија.

Во оваа земја може да се најде аранжман за летување по цена од 150 евра, доколку преку агенција резервирате хотел од 2 ѕвезди. За повеќе, на пример за 500 евра, може да најдете сместување во хотел со 5 ѕвезди.

Како и на сите дестинации, летувањето е поевтино пред сезона и после сезоната. Така во Бугарија, во септември, август или јуни може да се најде сместување од 8 до 30 евра за ден, просечна цена за ноќевање во хотели со 2 или 3 ѕвезди е и до 12 евра.

Домашното пиво, газираните пијалоци, литар млеко, кафе и 10 јајца чинат по 1 евро. Белиот леб е 50 центи, а исто толку ви треба за вода или килограм домати, компир или јаболки.

Во кафулињата за кафе одвојте 50 центи, а во ресторан за добар ручек 5 евра.

Цигарите се скапи. Малборо е 5 евра.

Коктелите се помеѓу 3 и 8 евра.

Најпопуларните летувалишта во Бугарија се Несебар, Сончев Брег, Златни песоци и Китен.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2019 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега