Забрчанец: Мицкоски е политичар без компас и манипулант

 

„Мицкоски е политичар без компас. Класична закана и опасност за иднината на државата, манипулант во обид на кој не му оди добро и со кој очигледно садењето тикви никако не може да излезе на арно“. Овие пораки ги испраќа доцна вечерва преку социјалната мрежа Фејсбук, Марјан Забрчанец во врска со изјавата на опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски, кој претходно денеска кажа „европејците да си ја терале европската агенда, а ние, нашата, македонската агенда“.
 
„Наутро тврди дека ДПМНЕ отсекогаш било на европскиот воз/брод/тротинет, а попладне се заканува дека ќе терал антиевропска агенда.
Внимавајте, Мицкоски и Апасиев со вкупен личен рејтинг од едвај 7% се обидуваат нивната антиевропска агенда да ја поистоветат со македонската агенда.
Ама како да заборавиле дека македонската агенда вели дека 80% од граѓаните ја поддржуваат европската интеграција на земјава“, пишува Забрчанец на ФБ.

25.07.2023 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега