Задолжување: Од денеска сите должиме по 100 евра повеќе

Македонија се задолжува за нови 700 милиони евра. Министерството за финансии ја издаде осмата еврообврзница. За неа ќе платиме камата од 1.625% . Најголем дел од овие средства, 500 милиони евра ќе ги искористиме за да раздолжиме стара еврообврзница од 2014 година, а 200 милиони евра е ново задолжување што практично значи дека од денеска секој граѓанин на Македонија се задолжува за дополнителни 100 евра. Овие пари владата ќе ги користи за да го покрие буџетскиот дефицит. 

Македонија претходно издаде 7 еврообврзници а оваа каматна стапка е најниска до сега.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа