Заев: Ајде да го направиме секој ден „Ден на човековите права“

По повод Светскиот ден на човекови права на фејсбук се огласи премиерот Заев порача дека треба секој ден да биде ден на човековите права.

„Светскиот Ден на човековите права го одбележуваме секоја година на 10 декември. Тоа е денот кога во 1948 година Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Универзалната декларација за човекови права.

Декларацијата за нашите слободи, за нашата безбедност и за нашата животна средина е декларација за нашата иднина, за нашиот напредок кон свет на постојано освоени права, кон достоинствена заедница со право на избор за секого.

Ајде да го направиме секој ден Ден на човековите права“ напиша Заев на фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега