Заев: Ако сакаме да добиеме поддршка вреди и мора да ги слушаме граѓаните

 СДСМ ќе ја објави втората група на листата на кандидати за градоначалници на крајот на јули или почетокот на август, а третата ќе биде позната на крајот на август, согласно динамиката на пристигнување на резултатите од партиските истражувања, изјави денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

-Стигаат секој ден резултатите од истражувањата кои што ги правиме. И јас верувам дека до крајот на овој месец или почетокот на август ќе можеме втората група на утврдени кандидатки и кандидати за градоначалници да ги објавиме. Паралалено со тоа се носат одлуките и за советничките и советниците за советите за општините и град Скопје, со тоа што сакаме да финишираме до крајот на август со третата група. Важни се истражувањата затоа што еден е нашиот впечаток кој што го имаме и од кој што ги носиме одлуките од името на политичките партии кои што кандидираме или од коалициите, а  друг е впечатокот на граѓаните. Ако сакаме да добиеме поддршка од граѓаните, вреди и мора да ги слушаме граѓаните, рече Заев на новинарско прашање по означувањето на почетокот на изградбата на клучката помеѓу булеварите „Никола Карев“ и „8 Септември“ кај Момин Поток.

Запрашан дали актуелниот градоначалник на Карпош Стефан Богоев ќе биде кандидат за уште еден мандат на претстојните локални избори, Заев кажа дека тој е млад и перспективен кадар, но одлуката ќе ја носат според оценката од истражувањата и анализите

20.07.2021 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега