Заев: Божик нека донесе љубов и мир меѓу луѓето

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по повод големиот христијански празник Рождество Христово Божиќ, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, како и до православни христијани во Македонија.

- Овој голем христијански празник нека донесе љубов и мир меѓу луѓето, топлина во семејниот дом и поттик за надеж и верба во животот. Симболиката на Божиќ е во можноста да ја почувствуваме радоста на заедништвото. Нека во нашето секојдневие се всели мирот и спокојството, радоста и разбирањето, да продолжиме да даруваме безусловна љубов и почит кон сите наши познаници и да ги унапредиме нашите заеднички вредности, вели Заев во честитката по повод глемиот христијански празник.

На овој начин, обединети и сплотени околу идеалите на овој празник, подвлекува, ќе можеме да чекориме по патот на создавање на дела и вредности од кои придобивка ќе има нашето општество и сите граѓани на Република Македонија.

- Нека деновиве на празнување бидат инспирација за секој од нас да го даде својот придонес во зголемувањето на свеста за значењето на љубовта, мирот, меѓусебното почитување, толеранцијата и солидарноста, стои во честитката од СДСМ. 

06.01.2014 - 12:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега