Заев до другите албански партии: Нема да прифатиме уцени и непринципиелни преговори за владина коалиција

Како победничка коалиција нема да дозволиме да бидеме уценувани и нема да прифаќаме непринципиелни преговарања и договарања, рече денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев по потпишувањето на договорот за предизборна коалиција со Движењето Беса. Обраќајќи се до другите албански партии и коалиции Заев нагласи:

„Што се однесува до другите албански партии и коалиции, сакам да ја уверам јавноста, дека како победничка коалиција нема да дозволиме да бидеме уценувани и нема да прифаќаме непринципиелни преговарања и договарања. Оние коишто ќе сакаат да се приклучат на победниците ќе треба да ги прифатат нашите принципи и вредности за евентуално учество во владина коалиција“, рече Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега