Заев: Гасификацијата е најголемиот влог во заштита на животната средина
Изградбата на гасоводот на делницата Скопје-Тетово-Гостивар, во должина од 76 километри е во полн ек и целосно ќе биде изградена во 2020 година. Ова го напиша попладнево премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
- Со овој проект вреден 29 милиони евра, ќе го доведеме гасот до граѓаните и компаниите во Гостивар и Тетово што ќе значи намалување на трошоците на бизнисот и домаќинствата. Гасификацијата е најголемиот влог во заштита на животната средина, напиша тој.
19.11.2019 - 17:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа