Заев и Ахмети: „Постојат добри основи за напредок“

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата "Можеме" и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети и генералните секретари Љупчо Николовски и Артан Груби, велат во заедничко соопштение од СДСМ и ДУИ.
 
Средбата доаѓа после доделувањето на мандатот на Зоран Заев од страна на Претседателот Пендаровски за составување предлог за Влада со четиригодишен мандат.
 
-На тричасовната конструктивна и продуктивна средба постигнати се основи за напредок кој води до коалиционен договор за нова, европска Влада посветена на европските интеграции, на економијата, еднаквоста и на владеењето на правото. Разговорите меѓу двете партии ќе продолжат во текот на викендот на ниво на генерални секретари, наведуваат партиите.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега