Заев: Има министри кои не го употребуваат името Северна и го кршат Уставот

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција кажа дека имало министри кои го кршеле Уставот со тоа што не го употребувале уставното име.

- Јас немам предрасури, нивните ставови се такви, тие не го почитуваат Уставот, но не смееме да дозволиме државата да не го почитува Уставот, вели тој.

Додава дека Грција е пријател на Северна Македонија.

-Ние сме пријатели, низ тоа пријателство поддршката е само една од работите коишто ги добиваме. Добиваме економија, добиваме просперитет, добиваме соработка на сите можни полиња. Заканата за мене е помината натаму, заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ не е само ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, денеска таа е вградена во највисоките државни иституции. Гледате дека имаме министри коишто не го употребуваат уставното име на државата- истакна Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2020 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега