Заев: Имаме 17 % вакцинирани лица, подобри сме од некои земји во ЕУ

Премиерот Зоран Заев во гостувањето на „Клан Македонија“ изјави дека таргетот на државата е да има 1,3 милиони вакцинирани граѓани.

-Во моментов имаме 17 проценти вакцинирани од таргетот, но да имаме во предвид дека ние почнавме да вакцинираме кон крајот на април, а другите уште од Нова година. Децата засега нема да ги вакцинираме, па затоа нарачавме 2,6 милиони дози. Верувам дека сме подобри од некои земји во ЕУ, имајќи предвид дека Западен Балкан најдоцна доби вакцини, потенцира Заев.

31.05.2021 - 23:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега