Заев: Избрани најдобрите понудувачи за изградба на фотонапонски електрани во Осломеј

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил објави дека земјава постепено го менува производството на електрична енергија од јаглен со производство на електрична енергија од обновливи извори, сонце, ветер и вода .

-Дадовме согласност за избор на најповолна понуда во постапката за воспоставување јавно-приватно партнерство за две фотонапонски електроцентрали, што ја спроведе АД ЕСМ. За најповолни се избрани понудите на компаниите „Фортим Енерџи Електрик" од Турција и „Соларпро холдинг" од Бугарија, кои на местото не некогашната термоелектрана Осломеј треба да изградат по една фотонапонска електроцентрала од 50 мегавати, напиша премиерот Заев на фејсбук.

Дополнително, додаде, Владата донесе повеќе одлуки за давање долготраен закуп на градежно земјиште во сопственост на Македонија во Свети Николе, за изградба на електроцентрали за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, односно фотонапонски електрични централи.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2021 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега