Заев: Излезетe низ градовите на Македонија, прославете и честитајте си

 

Премиерот Заев на денешната официјална прес конференција по предавањето на поканата за НАТО,  јавно им се заблагодари на премиерите на Грција и Бугарија, Алексис Ципрас и Бојко Борисов, за, како што рече, истата визија која ја делат со нас, и која, рече, ни донесе голем успех.

 

-Како идна 30-та земја членка на алијансата, подготвени сме да дадеме позитивне пример во нашиот регион. Ова е историска одлука, признание за нашата посветена работа повеќе од две денецении, признание за работата на сите македонски политичари од незавиноста до денеска, признание за сите институции и политички партии, граѓани и граѓанско општество – рече Заев.Следен чекор е оргнизација на референдумот, чин како граѓани ќе кажеме да за нашата иднина – додаде тој.

Премиерот ги повика сите граѓани на Република Македонија на 14 јули да излезат по градовите и да прослават.

-Излезетe низ градовите на Македонија, прославете и честитајте си. Одиме напред. Македонија чекори кон НАТО, рече премиерот, Зоран Заев, на церемонијата по потпишувањето поканата за прием во НАТО.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, порача дека Договорот постигнат со Грција за името е во интерес на Македонија и на поширокиот регион.

-Тој го отвори процесот на вашата земја да го отпочне патот кон НАТО. Сега почнуваат детални преговори. Сакаме да ја видиме вашата земја во срцето на стабилен, просперитете и демократски регион. Денес е важен чекор за таа цел. Месеците што престојат ќе бидат динамични, но денеска е ден за славење – посочи Столтенберг.

 

 

 

12.07.2018 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега