Заев – Јан Коп: Примарен фокус на новата влада предводена од СДСМ ќе бидат правдата и владеење на правото

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, денеска се сретна со холандскиот амбасадор во Република Македонија, Дирк Јан Коп.

На средбата се разговараше за процесот на подготовка на изборниот процес за парламентарните избори закажани за 15 јули, процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, како и  состојбата со коронавирусот.

Претседателот Заев посочи дека државата досега покажа напредок во процесот на организирање избори во последните три години и затоа со право очекува изборите на 15 јули да бидат фер, слободни и по сите меѓународни стандарди, а од друга страна институциите ги преземаат сите мерки за целосна заштита на здравјето на граѓаните при процесот на гласање.

Пред амбасадорот, претседателот Заев ги претстави и приоритетите на новата Влада предводена од СДСМ, по победата на изборите на 15 јули, додавајќи дека правдата и владеењето на правото ќе бидат примарен фокус на идната влада предводена од СДСМ.

„Почетокот на преговорите со Унијата го очекуваме до крајот на годината, за време на германското претседателство и затоа бараме поддршка и од Холандија и од сите земји членки на ЕУ. Во следниот мандат продолжуваме уште повеќе да вложуваме во закрепнување на економијата и зајакнување на здравствениот систем – основните предуслови за успешно справување со последиците од коронавирусот. На тој начин обезбедуваме континуитет на досегашните успеси. Продолжуваме да градиме стабилна држава која продолжува на патот кон членство во ЕУ“, порача Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега