Заев: Кај секое семејство ќе се вратат 28.800 денари годишно

Премиерот Зоран Заев денеска се огласи за враќањето на ДДВ-то, на социјалната мрежа Фејсбук.

- Од 1 јули стартува мерката „Мој ДДВ“ за враќање 15% од ДДВ на граѓаните. Преку мерката граѓаните на нашата земја, заедно со финансиските институции, ќе остварат две главни цели: Да се вратат пари кај граѓаните и да учествуваат во намалувањето на сивата економија и во елиминацијата на даночното затајување.

Благодарение на оваа мерка едно четиричлено семејство ќе може да си врати на сметка до 28.800 денари годишно во семејниот буџет. Тоа претставува повеќе од една просечна плата во нашата земја, односно плата плус за секое семејство. Ова мерка е директно насочена кон граѓаните. За прв пат во историјата на нашата земја, државата да враќа дел од данокот директно на сметките на граѓаните.

Зборот е збор, и зборот важи. Ги враќаме парите кај граѓаните и кај компаниите и продолжуваме во таа насока, напиша Заев.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2019 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега