Заев: Како Влада направивме и повеќе од доволно – нарачавме 2 и пол милиони дози

Договорот со Фајзер стигна. До крајот на првиот квартал, односно до крајот на март ќе пристигнат 21.000 дози вакцини, изјави премиерот Зоран Заев денеска по официјалниот почеток на изградба на далекуводот Штип – Овче Поле.

„Веќе имаме во вториот квартал поголеми количини, третиот и четвртиот се најголемите количини. Не се работи за несериозност, заради тоа што знае целиот свет, знае целиот македонски народ дека единствена причина е недостигот на производство во делот на количините на вбакцини за било која вакцина и да се работи. Ние сме мала земја и сакам да го осигурам и да му гарантирам на нашиот народ дека како Влада, како МЗ имаме направено повеќе од тоа што е доволно. Имајќи во предвид дека ќе треба 1 милион народ од прилика да се вакцинира за да ја постигнеме имунизацијата, за којашто би било потребно да има 2 милиони вакцини, вие ако ги броите 800 Фајзер, 833 ковакс механизмот, 400 илјади имаме од Кина, 200 илјади имаме нарачано од Русија, имаме дополнително од ЕУ согласно грантот од 70-те милиони евра, донациите коишто диполнително ги најавија сите соседи, стигаме до 2 ипол милиони вакцини“, кажа Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега