Заев кажал дека мнозинството е стабилно, изнесува 61 пратеник, а имало можност и да се прошири

Порпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска, на вечерашната прес-конференција истакна дека Зоран Заев, ги информирал членовите на Централниот одбор дека парламентарното мнозинство било стабилно и изнесува 61 пратеник.

Дополнително, постоело и можност да се зголеми дополнително во наредниот период

„Централниот одбор на СДСМ смета дека има простор за разговори за приклучување на партијата Алтернатива и за тоа останува пренесената надлежност на претседателот на партијата Зоран Заев“, информираше портпаролката Кузевска.

Инаку во партијата, ќе се распишат внатрепартиски избори, кои ќе се одржат на 12 декември. Пријавувањето за новото место започнува од утре и ќе трае една недела. За претседател на СДСМ, може да се пријави секој активен член. 

27.11.2021 - 00:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега