Заев: Ќе бидеме фокусирани на позитивна, промотивна кампања

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во гостувањето на Сител рече дека неговата партија на претстојните локални избори ќе биде максимално фокусирана на позитивна, промотивна кампања, додавајќи дека градоначаланиците на СДСМ во измитиот четиригодишен мандат реализирале 7.000 проекти.

Вели дека не очекува така да се однесува опозицијата.

-Гледаме и во предвечерието на кампањата каков е односот. Лажните вести се постојано присутни. Негативните тендеции се постојано присутни. Нешто што не се менува кај нашиот политички опонент. Кај нас веројатно тоа предизвикува одредена предност бидејќи граѓаните се фокусирани кон иднината. Но не е добро за државата. Дефинитивно јас и на последната средба којашто ја имавме вчера, следејќи ги резултатите од германските избори, си посакавме позитивна кампања, си препорачавме да бидеме навистина фокусирани на промотивен позитивички дел зашто и тие ние сме свесни дека граѓаните тоа ги интересира, рече Заев.

27.09.2021 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега