Заев ќе ги прими мајките на средба еден ден откако тие ќе почнат на работа

Мајките на деца до шестгодишна возраст и оние кои се на породилно отсуство, денеска попладне повторно излегода на протест пред Владата, против одлуката да се вратат на работа на 23 септември.

Премиерот Зоран Заев закажал средба со претставници на родителите во четврток во 11 часот.

-Првиот термин кога господинот Зоран Заев, нашиот премиер ќе има време ги прими мајките што не знаат што да им прават на своите деца е во четврток во 11:00 часот. Сега јас, во името на сите мајки ќе го прашам премиерот Зоран Заев што ќе правиме на таа средба доколку на 23 си остане одлуката, доколку на утрешната владина седница тие се решат да си останат на својот збор да се вратиме на 23, па што ќе си раскажеме во четврток кога јас лично нема да можам да присуствувам. Треба сите деца што ги имаме запишани во градинка, голем дел од мајките чекаат одговор на 23 во еден термин во 08:00 часот да ги оставиме сите во градинките каде што имаме барања, да им ги оставиме децата на половина час во дворот, зашто нема да ни ги примат, па не знам можеби тогаш министерката ќе даде поконцизки изјави за тоа каде во градинките има слободни места, вели Дијана Петрова за Сител.

Според владината одлука, од 14 септември, сите родители на деца од 0 до 6 години, кои досега беа ослободени од работниот процес, треба да се вратат на работа почнувајќи од 23 септември. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега