Заев: Кога земјоделците имаат повеќе пари сите добиваат

 

Ги слушаме потребите на земјоделците. Сакаме да им помогнеме да работат профитабилно и да го зголемуваат македонското производство на храна. Ова на социјалната мрежа Фејсбук денеска го напиша премиерот Зоран Заев.

- Исплативме 300 милиони евра субвенции, воведовме „зелена“, 30% поевтина нафта за земјоделските машини, враќаме назад 200 милиони денари за 55.000 земјоделци, ја враќаме земјата во рацете на вистинските земјоделци, го решаваме проблемот со пласманот. Кога земјоделците имаат повеќе пари, тогаш сите добиваат и сите имаат! Зборот важи, напиша Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2019 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега