Заев кон Мицкоски: Ви подарувам државно знаме, знамиња на НАТО и ЕУ и програма на СДСМ за да знаете што се остваривме

На синоќешното ТВ соочување на националниот сервис, претседателот на СДСМ Зоран Заев, на Христијан Мицкоски му подари знамиња на НАТО и ЕУ, како и програмата на СДСМ со негов потпис.

„Бидејќи ова е наше последно соочување, би сакал да остане запаметено. На Мицкоски му подарувам три подароци. Едно македонско знаме, да си ја сака татковината повеќе, и да остава простор за добра иднина на оваа наша татковина. Едно знаме од НАТО, успеавме да станеме членка на НАТО. И едно знаме на Европската унија, која е наша заедничка цел, на целиот народ. Имаме преговарачка рамка, ќе ја донесеме Европската унија, а ние ќе станеме нејзина полноправна членка. Му подарувам и Програма  за да види што се можеме“, рече Заев предавајќи му ги подароците на Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега