Заев: Локални избори на 31 октомври – предлог за кој треба да се изјаснат партиите

 

Предлогот е на 31 октомври да се одржат локалните избори, за да не се совпадне кампањата со Пописот. Сите политички партии треба да се изјаснат и ако се согласат, тоа ќе биде вградено во Изборниот законик, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Според него, овие денови се разговара, се подготвува законско решение кое, меѓу другото, предвидува и градоначалниците и советите ги извршуваат функциите до изборот на новите.

Одговорајќи на новинарски прашања, Заев информира дека во однос на отворените листи, постигнат е договор со поголемите партии.

„Мислам дека имаме постигнато договор, министерот за правда Маричиќ ќе ги каже деталите затоа што меѓу СДСМ, ВМРО - ДПМНЕ, ДУИ, АА-ААА има договор сега со малите партии за отворени листи. Не е тоа официјализирано затоа што треба да биде официјално кога најголемите баратели а тоа беа малите политички партии ќе бидат океј задоволни со ваквото унапредување на демократските модели“ рече Заев

Тој нагласи дека ова според него е демократски исчекор.

„Се работи за отворени листи каде што ќе се гласа .. имате една преференца притоа предлогот е да има најмалку праг од 3% значи кога би биле 16.000 избирачи 3% е некаде околу 500 на пример избирачи, тогаш таа преференца ќе го качува кандидатот од подолу кон погоре на листата а останатиот дел би останал на листата за да може преференцата да биде видлива. Малите политички партии имаат резерва, викаат да видиме тоа дали е правично, сепак се помали им се дисперзирани гласовите не се на една општина или територија генерално ... треба да се види дека прво правиме исчекор демократски јас го поздравувам, го поздравувам тоа што ВМРО - ДПМНЕ го прифати  .... а мислам дека ќе ја унапреди демократијата“ рече Заев.

Според него, за парламентарните избори може да се оди на ново унапредување на демократските модели на гласање.

– Се надевам дека ќе постигнеме консензус, важно е опозицијата да потврди дека е среќна за тој и тој датум за изборите, истакна Заев.

 

20.07.2021 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега