Заев: Македонските граѓани заслужија убава иднина

Изминатите два дена во Лондон, во друштвото на лидерите на сите земји членки, потврдуваме дека НАТО е најмоќниот безбедносен и воен сојуз, но и симбол на највисоки демократски вредности. Ова го напиша премиерот Заев денеска на Фејебук.

- Ние стануваме дел од ова моќно семејство. Оваа гордост, што сосема оправдано сите граѓани ја чувствуваме овие денови, е горивото да продолжиме со одлучноста, посветеноста и храброста и да го завршиме и нашиот пат до членство во ЕУ. Македонските граѓани заслужија убава иднина, денес НАТО го потврдува тоа!, напиша Заев по средбите во Лондон.

За потсетување, тој на Самитот во Лондон се сретна со многу политичари како Доналд Трамп, Ангела Меркел,  Џастин Трудо, Педро Санчез и други.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 17:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега