Заев: Мицкоски е маската на Груевски, додека ВМРО-ДПМНЕ не се реформира нема да ја има довербата од граѓаните

Мислите на Христијан Мицкоски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, се хаотични – се прашуваат што е нормално, бидејки одамна се одлепени од реалноста, порача вечерва од Охрид претседателот на СДСМ Зоран Заев. 

Заев посочи дека Мицкоски е маската на Никола Груевски дека тој не може да понуди ништо што е во интерес на граѓаните, на општините, на државата и дека граѓаните тоа многу добро го знаат.

Со оглед дека тие имаат намера да ги искомплицираат европските интеграции,  односите  со соседите, односите меѓу етничките заедници во нашата држава – наводните проекти на ВМРО-ДПМНЕ се неизвесни, бидејки иднината што ја најавуваат како „нова“ е крајно неизвесна и опасна! Видовме - опасна е таквата нивна „иднина“ за држава, опасна е за граѓаните, а видовте и вие охриѓани, колку можат тие да бидат опасни и за Охрид.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се oпасност за граѓаните и државата и на нив е опасно да им се довери да водат - и општина и држава. И додека таа партија не се реформира - ниту смее да дојде на власт – ниту ние, заедно со вас, ќе го дозволиме тоа, порача Заев од Охрид.

09.10.2021 - 22:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега