Заев: Мицковски избега - за утре закажувам нова лидерска средба

 

Премиерот Заев се обрати по лидерската средба.

- Средбата беше за да избереме стабилност, безбедност и иднина. Заедно сме за успех на референдумот, сите што останавме освен ВМРО-ДПМНЕ, вели Заев.

Информира дека референдумот би се движел во следна насока - Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот.

Референдумот треба да биде консултативен, истакна тој.

- Однесувањето на Христијан Мицковски е несериозно и неодговорно и навредливо кон сите политички субјекти и граѓани, ако е тој за НАТО и ЕУ и просперитет, требаше да седи рамо до рамо со сите лидери и да носи одлуки во интерес на граѓаните, но место тоа избега од лидерска средба и одговорност, вели Заев.

За утре Заев закажува нова лидерска за 12 часот.

 

 

 

 

18.07.2018 - 21:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега