Заев: Мицотакис ќе се бори да добиеме датум

Премиерот Зоран Заев денеска во Солун се сретна со грчкиот премиер.

Заев изјави дека Мицотакис рекол дека ќе се бори за Македонија конечно да го добие датумот за преговори.


– Имплементацијата на Преспанскиот договор треба да иде со позитивната и предвидена динамика . Буквално по ова прашање фокусот ни беше на Европскиот Совет, одлуката на Европскиот совет, имав прилика да добијам од прва рака информација како се дискутирало, кои се очекувањата, но мене ми е многу драго што премиерот на пријателска Република Грција ќе се бори за нашата земја, за да конечно го добие датумот за преговори. Секако премиерот ми образложи детално кои се неговите активности, кои се неговите планови, како да ги направи да ни биде од помош, рече премиерот Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2019 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега