Заев: Мојот градоначалник си го знае својот народ и решава проблеми

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори што се закажани на 17 октомври.

Премиерот Зоран Заев сподели видео со кое ги претстави своите кандидати за градоначалници.

„Мојот градоначалник е од мое маало. Постојано е меѓу народот, добар со сите. Со конкретен план и решенија за проблемите.

Мојот градоначалник е подготвен за сѐ. Не се случило да не помогне некому.

Мојот градоначалник си го знае својот народ. И решава проблеми. Се грижи да имаме поквалитетен живот. За зелен и чист град.

Градоначалникот е наш човек. Домаќин човек и вистински пријател.

На крајот на денот, тој секогаш има време за семејството.

Мојот градоначалник? Најдобар е“, напиша Заев на Фејсбук.

27.09.2021 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа