Заев: Му честитам на Димитар Ковачевски и му посакувам успех

По завршувањето на внатрепартиските избори на СДСМ, доцна по полноќ се огласи и поранешниот претседател на партијата, Зоран Заев, кој на социјалната мрежа фејзбук му честиташе на Димитар Ковачевски, кој вечерва беше изгласан за негов наследник. 

„Денеска членовите на СДСМ го избраа новиот претседател на партијата, на демократски внатрепартиски избори.
Му честитам на Димитар Ковачевски и му посакувам успех.
Им честитам на сите членови на СДСМ кои гласаа на внатрепартиските избори и со тоа покажаа висока демократска свест и однесување. СДСМ денес гласаше достоинствено и европски, за стабилна македонска иднина. Очекувам посветеност, одговорност, отворен пристап и прогресивно политичко дејствување, во интерес на сите граѓани на Северна Македонија и во интерес на социјалдемократското семејство. Да живее СДСМ“, се вели во постот на Заев на Фејзбук.

13.12.2021 - 00:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега