Заев му даде поклон на Мицкоски, а тој вети дека ќе го краси неговиот професорски кабинет

На самиот крај на ТВ дуелот на МРТ, претседателот на СДСМ, Зоран Заев му даде поклон на неговиот политички опонент, Христијан Мицкоски.

Станува збор за програмата на Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, со потпис од Заев и три знамиња – македонското, знамето на НАТО и на Европската унија.

Заев истакна дека ова е последното нивно соочување до одржувањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули.

Откако го прими поклонот Мицкоски рече дека тие знамиња ги има во неговиот партиски кабинет, но овие ќе го красат неговиот професорски кабинет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега