Заев: Наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје-Блаце

Наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје-Блаце со кој ќе се зголеми извозот на домашни производи на Косовскиот пазар, а со тоа и зајакне соработката со нашиот стратешки партнер, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

-Автопатот Скопје-Блаце е најважна делница за сите нас во државата. Зошто? Заради тоа што нема други автопати во моментот со проектни документации. Овој автопат, покрај тие што се доградуваат, како што е Кичево-Охрид и реконструкцијата на претстојните автопатишта, експресниот пат што се гради во Куманово - Бугарска граница, овој е приоритет. Втора важна причина , Косово е стратешки партнер  заради извозот на државата. Сериозен капацитет за дигање на нашиот пласман на домашни производи кон Косово би бил овозможен ако имаме автопатско решени Скопје-Блаце - кажа Заев на вчерашната седница во Собранието посветена на пратеничките прашања.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.10.2019 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега