Заев: Наследивме хаос кај патиштата, утнати траси, трошоци за санирање на штетите – ги решивме проблемите и дeнес градиме по план

Граѓаните гледаат дека денес се гради насекаде низ државата. Горди сме на тоа што нема регион, нема општина каде што не се изградил или моментално се гради некој капитален инфраструктурен проект. Дел од мостовите и патиштата за прв пат се обновуваат после 50 или 60 години, водоводи и канализациии, пречистителни станици, вели Зоран Заев, лидер на СДСМ во интервјуто за Centar.mk.

Дури и во време на пандемија, градиме насекаде, секако почитувајќи ги сите мерки за заштита.

Наследивме хаос, неплански и недомаќински планови за патишта, утнати траси, трошоци за санирање на штетите, но тоа не не обесхрабри. Имавме чесен домаќински пристап, ги решивме наследените проблеми и денес градиме по план, градиме инфраструктура за сите.

За помалку од три години инвестиравме речиси 1 милијарда евра во изградба и реконструкција на патната инфаструктура, а во план е да инвестираме дополнителни 2 милијарди во следните неколку години. Инвестираме во се она што е важно за граѓаните и нивните потреби. Пуштивме во употреба нов Ургентен центар, болницата во Струмица доби нова болница после 33 години. 30 здравствени установи се реновирани, изградени, реконструирани и опремени се 44 објекти за детски градинки, вели Заев.

Заев вели дека тоа се гледа, тоа е посветеност на дело што ја покажа Владата на СДСМ во досегашниот период, и која ќе ја продолжи да ја покажува во следните 4 години.

Ќе покажеме дека со чесна, одговорна и домаќинска работа може да има пари за секој проект кој е важен за граѓаните, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервјуто за Centar.mk кое може да го прочитате тука.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2020 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега