Заев: НАТО и ЕУ се завршена работа, во периодот што претстои ќе работиме дома

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва се обрати на граѓански собир во општина Центар, Скопје, заедно со носителите на пратеничката листа во Изборна Единица 1, Никола Димитров и Мила Царовска.  

„Центарци ви се поклонувам! Центар бил слободарски и тогаш кога сите други шепотеа. Се почна од Центар. Од Центар ја дочекавме слободата низ целата земја. Центар и денес кога живее во слобода и демократија е најгласен, е најкритичен, е најсериозен коректив на нашата земја. И поука и лекција сте за сите други граѓани, и од Скопје и од цела Македонија а посебно за младите луѓе кои ги учиме уште да ја живеат слободата и демократијата", рече Заев.

Претседателот Заев се осврна и на политичката понуда во првата изборна единица и порача дека тимот предводен од Никола Димитров и Мила Царовска, ќе оствари убедлива победа и во оваа изборна единица, додавајќи дека изборите на 15 јули се важни за да добиеме фунцкионални институции, за да продолжи напредокот.

„Имаме задача да поставиме функционални институции, за да можеме да го продолжиме ова слободарско живеење, со огромна поддршка од демократскиот свет, да правиме скокови за унапредување на животот и да го направиме животот поквалитетен. Мораме и по 15 јули да останеме на правиот пат, на есен ќе го имаме корона вирусот, но пред тоа ни треба влада и парламент. Ни требаат институции. На изборите кои ќе бидат 100% безбедни по здравјето, граѓаните ќе изберат светла иднина со заокружување на бројот 3 за победничките листи на СДСМ и коалицијата „Можеме" и ќе ја испратат во минатото обновата на режимот што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ.

НАТО и ЕУ се завршена работа и сега од нас зависат работите. Во периодот што претстои ќе работиме дома. Ќе работиме на економија, на економскиот стандард, на реформи во правосудството и образованието, порача Заев.

Во време на решавање на најсериозните прашања, посочи Заев, успеавме да покажеме дека можеме и создадовме праведно општество.

– Сега веќе НАТО и ЕУ се завршена работа. 30 години чекаме членство во НАТО, 15 години за почеток на преговори. Ги завршивме. Решени се проблемите со Бугарија и Грција. Сите пет соседи ни се пријатели, изјави Заев.

Порача дека е направен голем исчекор во изминатиот период и дека е направено многу, но и дека може многу повеќе и подобро.

Центар, нагласи Заев, и денеска кога живее во слобода е најгласен и најголем коректив на власта.

– Слободата живее и денеска, иако во услови на пандемија со маски на лице, јас сум убеден на огромен процент на излезеност на нашите граѓани, затоа што имаме задача да ги воспоставиме повторно функционални нашите институции за да можеме да го продолжиме ова слободарско живеење со огромна поддршка од демократскиот свет, изјави Заев.

Имаме задача на 15 јули да останеме на вистински пат, порача Заев и затоа очекувам трендот на вистинските вредности да продолжи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.06.2020 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега