Заев: Не се сомневам дека се злоупотребени парите од Светска банка

Претседателот на Владата, Зоран Заев на денешната прес-конференција, изјави дека ниту малку не се сомнева дека се злоупотребени средствата од Светска банка за модуларните болници, одговорајќи на новинарското прашање.

„Апсолутно не. Ни малку не се сомневам. Нема да коментирам, истрага е нормално. Но, уште еднаш напоменувам. Прво, сме благодарни што СБ со ваквите флексибилни алатки излезе навремено и да можеме проактивно да реагираме кога граѓаните беа блиску до можноста да останат пред паркинг просторите, пред инфективните одделенија“-информираше Заев во својот одговор.

Тој тврди дека спецификацијата за модуларните болници е иста како и секаде во светот. Исто така, истакна дека деталната истрага ќе се почека, и истата ќе ги даде одговорите на сите прашања, а потоа тој како премиер ќе одлучел во врска со оставките.

22.09.2021 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа