Заев: Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување

Ниту еден предмет покренат од Специјалното јавно обвинителство нема да се изгуби со враќањето на повторно одлучување поради заминување во пензија на поротник, вели премиерот Зоран Заев.

Заев на новинарско прашање по увидот на обновениот дел на Клиниката за ортопедија  истакна дека не е детално запознаен со ова прашање, но се повика на коментар на ресорниот министер за правда во однос на законските одредби со кои се регулира постапката .

-Во законите кога поротник оди во пензија или го завршува својот мандат, дефакто предметот се враќа на повторно одлучување. Но, има пракса, на едно рочиште се исчитуваат сите претходни докази, сведочења, искази.., и веднаш се враќа постапката на старо. Тоа е надежта дека ниту еден предмет нема да се изгуби, нема да го сопрете човек кој што сака да оди во пензија и да го држите надвор од неговите услови за пензионирање, но јас сум убеден дека тоа нема да влијае ниту на еден случај кои се отворени без разлика дали од СЈО или другото јавно обнвинителство за организиран криминал или другите јавни обвинителства. Дел се решава и со заменици поротници, но едно е сигурно случаевите не се загрозуваат, вели Заев прашан за тоа како се случи од бизарни причини да пропаднат судењата за предметите покренати од СЈО.

20.07.2021 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега