Заев: Нема зијан од посетата на Софија

Премиерот Зоран Заев вели дека нема зијан од посетата на Софија. Тој во изјава за Телма рече дека не очекува многу од посетата поради ситуацијата во Бугарија, но очекува двете страни да бидат мудри.

-Не смееме да ги креваме очекувањето заради тоа што сепак се работи за техничка Влада, услови во кои нема Парламент. И не очекувам нешто драматично да се случи, но многу е важно да правиме сѐ, рече Заев.

Вели дека за решавање на проблемот Македонија има поддршка од сите западни демократски држави. Но, вели, важно е да се знае дека тоа е билатерален проблем кој мора билатерално да се реши.

-Навистина имаме добра појдовна основа од португалскиот предлог. Навистина сме усогласени за секторската соработка од Патната карта или „Roadmap“. Дефинирани се точно услови за тоа колку интензивно ќе работи Историската комисија, а сето друго е адресирано во португалскиот предлог којшто за нас е добра основа. И за Бугарија е добра основа, така и го коментираат. Останува прашањето: „Што со техничката Влада и немањето Парламент во Бугарија?“, рече Заев додавајќи дека ќе се искористат сите дипломатски канали.

Рече дека ќе побара европско лидерство од официјална Софија. Потенцира дека доколку на маса биде ставен јазикот нема да воопшто да се разговара, и за тоа биле информирани европските лидери.

14.06.2021 - 23:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега