Заев: Нереформирано ВМРО-ДПМНЕ е опасност и за државата и за граѓаните

Убеден сум дека за иднината на нашата заедничка татковина ова, вакво заробено ВМРО-ДПМНЕ треба да остане политички изолирано како ретрограден политички субјект кој ги блокира и опструира сите најважни внатрешни и надворешни процеси во Северна Македонија, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев по потпишувањето на договорот за коалиција со лидерот на Беса Билал Касами.

Заев повтори дека СДСМ е отворено за соработка со сите партии освен со ВМРО-ДПМНЕ.

– Само така ќе смогнат сили и ќе почнат внатрешно да се реформираат и да се однесуваат како вистинска, конструктивна и демократска опозиција, бидејќи со досегашното однесување тие се опасност и за држават и за граѓаните. Ова го кажувам за да предизвикам реформи во ВМРО-ДПМНЕ веднаш после изборите – рече Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега