Заев: Ни треба позитивна одлука сега и веднаш

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција со еврокомесарот Хан побара ЕУ да не ги гаси светлечките ѕвездички кон кои се стремиме.

- Европски претставници бидете наши херои, не наша пречка. Еве го Октомври, дојдовме и ја чекаме заслужената одлука да почнеме преговири, откако пристапивме искрено и чесно, вели Заев.

Додава дека Северна македонија треба да добие позитивна одлука сега и веднаш.

- Ни треба позитивна одлука сега и веднаш, за нас тоа е нов процес на задачи, рокови и упорна работа на цело општество. Процес на отварање поглавја за стандардите на Европската Унија. По 10 позитивни препораки, јас како прмиер и мојот народ сме убедени дека треба да започнеме со преговорите, вели Заев.

Додава дека граѓаните се повеќе од подготвени.

- Секое одложување ќе биде прочитано како негативна одлука и ќе има негативни ефекти, ќе има разочарување кај граѓаните и меѓу членовите кои го поддржаа Договорот од Преспа поврзан со ова, вели Заев.

Добронамерно предупредува дека ако не се испорача одлуката, кредибилитетот на ЕУ ќе се стави под знак прашалник.

- Ова ќе го зајакне интересот на третите страни во регионот, ако ЕУ покаже слабост за Западен Балкан, зошто третите страни ќе го пополнат вакумот, вели Заев и додава да не ги гасат светлечките ѕвездички кон кои се стремиме.

Заев упати порака и кон народот: - Нашиот пат е еден и постигнуваме резултати, никој нема да ни ги одземе реформите и промените, од ова ќе излеземе посилни.

Вели ќе продолжат мерките за поголеми плати и пензии, борба со криминалот и борба за поздрава средина.

Заев му се заблагодари на Хан и му кажа дека е голем пријател на Северна Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега