Заев: Ние овде ќе се чукаме во градите кој е поголем патриот, патриот е тој што ја враќа среќата на лицата на нашите граѓани

Ние овде ќе се чукаме во градите кој е поголем патриот. Патриот е тој којшто крева плати и пензии, патриот е тој што ја враќа среќата на лицата на нашите граѓани, патриот е тој што си подава рака еден меѓу друг, што гради единство, патриот е тој што го крева економскиот стандарт и целата економија, патриот е тој што за 2,5 години отвори 64.000 работни места, даде 300% поголема социјална помош на најсиромашните, ја воведе државната социјална пензија, згрижи 12,000 стечајни работници. Патриот е тој што имаше храброст да ги укине квотите за лековите, да ја крени 40% платата на специјалистите лекари, 25% на медицинските сестри, 21% на наставчките и учителките, 31% на негувателките и воспитувачките..., порача вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев од граѓанската трибина во Чаир.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.07.2020 - 20:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега