Заев: Ние сме Македонци, зборуваме македонски јазик

За Бугарската академија на науките, македонскиот јазик е бугарски дијалект. Од БАН се категорични дека не го менуваат ставот за тоа, а бугарски академици имаат забелешки за повелбата за македонскиот јазик што ја усвои МАНУ. За неа сметаат дека содржи неточни и неприфатливи позиции за потеклото, историјата и карактерот на службениот јазик во Македонија кои, како што оценија, им штетат на односите на двете земји.

Премиерот Заев пак, е убеден дека брзо ќе се надминат разликите меѓу Македонија и Бугарија.

„Ние сме Македонци кои зборуваме македонски јазик, барем најголемиот дел од граѓаните, секако ние сме мултиетничка земја. Ова прашање очекувам од пријателска Бугарија да го надмине, да го реши во делокругот на решавање на оние проблематики каде што се составен дел од договорот, односно на решавањето на проблемите како што е Гоце Делчев и другите прашања, како проблематики кои се решаваат“, рече Заев.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 17:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега