Заев: Никој нема да не спречи на патот на раст на платите

Во јуни и јули од Брисел ни стигна пораката дека Северна Македонија ги исполнила очекуваните резултати за старт на преговори за членство во ЕУ. Ова го напиша премиерот Заев на Фејсбук по прес-конференцијата со еврокомесарот Хан.

- Започнувањето на пристапните преговори за нас значи нов процес на задачи, рокови и упорна работа на граѓаните, институциите и целото општество, за да го подобриме животот на граѓаните на Северна Македонија во сите области. Не ја гасете светлата ѕвезда кон која се стремиме. Не станувајте нашата пречка. Бидете нашите херои. Никој не може да нѐ спречи да продолжиме по патот по кој цврсто напредуваме - раст на платите; борба против корупцијата, сиромаштијата и загадувањето; социјална заштита на ранливите, градење институции кои се поткрепа на секој граѓанин, напиша Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега