Заев: Обезбедуваме уште поголема поддршка за компаниите, да отвораат нови работни места за младите

И на оваа средба како и на многуте средби што ги имав досега, пред менаџментот, пред бизнис секторот од овој крај ја претставувам нашата понуда, нашиот концепт за нова развојна економија. Целта е компаниите да напредуваат и да ги зголемуваат своите инвестиции, да го зголемуваат своето производство и да освојуваат нови пазари, да инвестираат во иновации,  со тоа и платите ќе растат и граѓаните ќе имаат повисок животен стандард.

Ова денеска го истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев при посета на компанија, додавајќи дека во изминатите три години покажале што е тоа економски патриотизам.

-Едно од нашите ветувања беше да ги изедначиме условите за инвестирање на домашните и странските компании. Денес и домашните компании и странските, добиваат голема поддршка од државата да започнат нови инвестиции, да отвораат нови работни места, да ги зголемуваат платите на вработените. Затоа, во следните 4 години обезбедуваме поддршка на компаниите во висина од 600 милиони евра, 300 милиони евра буџетски средства и 300 милиони евра од европските фондови. Данокот на добивка останува на ниво од 10% во следните 4 години, но истовремено, го подигаме прагот на ДДВ од 2 милиони на 3 милиони денари годишен промет од 2022 година, рече Заев.

Вели дека ова се само дел од мерките важни за трансформацијата на новата македонска економија која ќе се базира на технолошки развој, одржливост и мотивиран човечки капитал.

атоа изборот на граѓаните и компаниите на 15 јули е јасен.  Изборот е помеѓу навремен и неселективен поврат на ДДВ на компаниите или доцнење, уцени и закани кон фирмите. По 15 јули заедно продолжуваме на правиот пат, на патот кој води напред кон економски раст и развој кој генерира раст на компаниите и подобар животен стандард на граѓаните, рече Заев.

Заев: Обезбедуваме уште поголема поддршка за компаниите, да отвораат нови работни места за младите

Posted by Press24.mk on Monday, 6 July 2020

06.07.2020 - 19:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа