Заев очекува Франција да биде разубедена

Премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со Марјан Шарц, премиерот на Словенија, истакна дека очекува Македонија да биде наградена од ЕУ за постигнатото

„Ќе се види точно одлуката на Советот на министри, а потоа и на Советот на премиери. Нашето очекување е позитивно и конечно после 15 години согласно сите заслуги, кои се потврдени 100-отстотно од сите земји. Постигнавме договор со Грција кој се постигнува вообичаено после војна, а ние го постигнавме за време на мир на дипломатски начин со европски манири.  Очекуваме да бидеме наградени за да можеме да ги култивираме и другите лидери, за да не се врати Балканот од 19 век. Пораката е дека нашата аспирација не е да станеме веднаш членка, туку да добиеме датум. Знаеме дека процесот ќе трае и треба Европската Унија да биде подготвена за приемот. Верувам дека и земјите кои немаат чист позитивен став, тоа е заради својата дебата дома и заради процесот на проширувањето“, изјави Заев.

Шарец на истото прашање одговори дека Франција до последен момент ќе биде убедувања и дека патот на Словенија кон ЕУ, исто така, не бил постелен со рози.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 19:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега