Заев: Очекуваме целосен успех во октомври, кога ќе се круниса со конечна одлука за почеток на преговорите

По средбата на министрите на земи членки на ЕУ во Луксембург, каде беше одлучено на Македонија и на Албанија да не им се даде датум за преговори засега, па прашањето за двете земји да се отвори најдоцна до октомври, премиерот Заев се огласи на фејсбук и напиша дека добивме јасна потврда за реформите кои ги спроведовме.

„Со заклучоците на Советот на министрите од Луксембург добивме силно и недвосмислено признание за нашите достигнувања во изминатата година. Добивме јасна потврда за реформите кои ги спроведовме и за сите резултати остварени на домашен план, но и пофалби за Договорите со Грција и Бугарија. Тоа за нас и за граѓаните е многу значајно и ни укажува дека заедничките напори не беа попусто.

Исто така, со заклучоците на Советот ни е одредена точна временска точка во која ќе се донесе и потврди одлуката за почеток на преговорите за членство ЕУ, а тоа е не подоцна од октомври оваа година. За нас беше клучно оваа одлука да биде донесена оваа година, а овој заклучок токму тоа го потврдува. Ние во меѓувреме продолжуваме со работа и реформи. Нашиот резултат е одржлив и незапирлив. Продолжуваме со интензивните подготовки за формален почеток на преговорите до крајот на оваа година. Задоволни сме од денешниот заклучок, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се круниса со конечна одлука за почеток на преговорите и практичен почеток до крајот на годината“ напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2019 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега