Заев од Чаир: Граѓаните ги препознаваат храбрите одлуки што ги донесовме, затоа ќе победиме и ќе го поразиме лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ

„Покажавме дека имаме храброст за сé што беше важно за државата и денес им докажуваме на сите политичари дома и во регионот, дека народот ги наградува храбрите политики и политичари и затоа ќе победиме и се додека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ продолжуваат со лажен национализам, ќе продолжат да губат“, рече претседателот Заев на трибина со граѓаните на општина Чаир.

„Со Законот за употреба на јазици го заокруживме формално-правниот дел од Охридскиот рамковен договор, остана духот на договорот да го вградиме за сите, рамноправно, еднакво и со правата и со обврските пред државата.

Денес, ДУИ и Ахмети лажат дека тие го донеле, можеа да го донесат додека беа со ВМРО-ДПМНЕ но немаа храброст. Денес со тој Закон не изгубија ништо ни Македонците, ни Србите ни Власите, никој, само ослободивме едно право кое беше заробено“, порача Заев пред граѓаните на Чаир.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.07.2020 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега