Заев: Од економските мерки за справување со кризата, прво се испорачаа 200 милиони евра за поддршка на работниците

 Многу е важно да знаат граѓаните дека од пакетот економски мерки за справување со кризата, прво се испорачаа големиот пакет од 200 милиони евра за поддршка на работниците, на стопанството и фирмите, напиша на својот фејсбук профил, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој посочува дека како и другите политички партии, така и СДСМ дала предлози до Владата со цел справување со кризата во државата.

-Мерките имаат за цел да ги задржат работниците на работа и да им обезбедат минимум приход, како и за санација на буџетот, за да може да ги финансира основните функции на државата и за социјалните придонеси, напиша на Фејсбук Заев. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега