Заев од Конче: На 15 јули гласаме за број три, за повеќе пари кај земјоделците

На 15 јули, во среда имаме важни избори на кои се носи голема одлука. На 15 јули носиме одлука за сопствената иднина и за иднината на нашата татковина. Денес на последниот ден од кампањата, пред нас се исправени две спротивставени перцепции, два целосно спротивставени концепти, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Едниот концепт на СДСМ и коалицијата „Можеме“ кој ја носи земјата напред, кон ЕУ и НАТО, другиот на ВМРО-ДПМНЕ кој нуди само обнова на режимот, обнова на криминалот и туркање кон изолација. Концептот кој носи пари кај граѓаните и концепт кој зема пари од граѓаните. На 15 јули бираме дали земјоделците ќе добиваат 200 милиони евра годишно субвенции и поддршка за рурален развој, или ќе добиваат лажни ветувања, манипулации и уцени со исплатата на субвенциите.

На 15 јули, вие почитувани земјоделци одлучувате дали ќе имате сто процентно бесплатна зелена нафта или ќе дозволите некој од ВМРО-ДПМНЕ да го гази вашиот труд, како што правеше цели 11 години. Знам дека мнозинството граѓани овде во убавото Конче, овде низ изборната единица 4 но и низ целата државата ја имате донесено правилната одлука. Но таа одлука треба да ја потврдите и на гласачките места и да излезете на фер, слободни, демократски и пред сé безбедни избори и да гласате за бројот три. За СДСМ и за Коалицијата „Можеме“.

Заев во Конче: На 15 јули гласаме за број три, за повеќе пари кај земјоделците, за поголема грижа за сите

Posted by Press24.mk on Sunday, 12 July 2020

12.07.2020 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа