Заев од Македонска Каменица - СДСМ инвестира во сегашноста и идината на граѓаните

„Ние се грижиме за рударите – тие ги игнорираа. Имав можност да се сретнам со пензионирани рудари, овде во Паркот на рударите и убаво
е да се види како си ги шетаат внучињата. Беа со години онеправдени – ние им ја намаливме старосната граница за пензионирање од 58 години на 50 години.
 
Ние ги враќаме парите кај граѓаните – тие крадат. Го зголемивме растот на платите за три пати. ВМРО-ДПМНЕ отпушташе луѓе за искажан став и газеше по нивното достоинство. Тие тоа го прават дури и од опозиција. Ние ги покачуваме платите на здравствените работници. А од ВМРО-ДПМНЕ се слушна употреба на ужасен термин „убијци“ – за луѓето кои во време на пандемија, деноноќно работат да спасат животи“-порача премиерот Заев денеска од Македонска Каменица.
 
Посочи дека ја обновиле евтината тарифа на струјата и со повратот на ДДВ милиони евра се слеваат во семејните буџети и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ја покачи струјата за 100 проценти и милиони евра наводно за врби и барок, стави во своите џебови.
 
„Со СДСМ сите се на сигурно – и граѓаните и државата. Денес сме светол пример на Балканот, пријатели со соседите, со НАТО и ЕУ перспективи.

 Со ВМРО-ДПМНЕ сите се во опасност. Државата во изолација. Граѓаните уценети. Нашите кандидати за градоначалници и советници се проевопска понуда за модерните развојни текови. Голем дел од кадрите на ВМРО-ДПМНЕ биле дел од централната или локалната власт во времето на режимот на Груевски“-додаде првиот човек на Владата, Заев.

02.10.2021 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега