Заев од Шуто Оризари: Да се обединиме околу Ферат Асани и Петре Шилегов

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска беше меѓу граѓаните на Шуто Оризари каде разговараше за понудата на СДСМ и коалицијата за претстојните локални избори, од каде повика дека е потребно обединување за да продолжи напредокот на општините, како и развојот на државата.

Наша цел е, порача Заев заедно со Ферат Асан да ги мултиплицираме ефектите и да го подигнеме стандардот во урбаното живеење, во комуналната инфраструктура, квалитетот на образовниот процес и во детските градинки и во основните училишта, но и да го подигнеме економскиот стандард на сограѓаните Роми.

– Важно е да го постигнеме единството и мене ми е мило што тоа го постигнуваме. Овие денови праќаме порака до сите други кандидати да дојдат и да се обединиме, и тие доаѓаат се приклучуваат. Сите знаат дека овде Асан победува. Како коалиција сме многу силно заедно, затоа што сме мултиетничка коалиција, затоа што сме едно заедничко општество каде сите се со еднакви шанси, порача Заев.

Заев, исто така, побара поддршка и за нов мандат на кандидатот за градоначалник за Град Скопје, Петре Шилегов.

-Многу е важно Град Скопје да продолжи по патот на развојот, тоа е гаранција дека и развојот на скопските општини и развојот на Шуто Оризари ќе продолжат. Затоа во недела да гласаме и за Петре Шилегов, за нов мандат градоначалник на Град Скопје, повика претседателот на СДСМ Заев во Шуто Оризари.

26.10.2021 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега