Заев од Виница: На ВМРО-ДПМНЕ опасно е да им се довери раководење на гранапче, а не пак општина или држава

„Проектите за кои зборуваме може да ги испорача само СДСМ. Ова ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на режимот, навикнат да ги краде народните пари. Затоа е опасно да им се довери раководење на некое гранапче, а не пак општина или држава.

Слушнавме колку милиони евра се злоупотребени на изградба на 300 споменици, додека сиромашни граѓани спиеја по улици“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Виница.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ со закани и притисоци го обезбедуваше молкот за нивното режимско и криминално владеење. „Од друга страна СДСМ и коалицијата донесоа транспарентност и отчетност на највисоко ниво и денес се знае се и се е достапно на еден клик. Први сме по транспарентност во регионот. Нема веќе заробена држава, контрола врз медиумите и газење по достоинството на граѓаните.Слободно се говори, а гласот на граѓаните се слуша и уважува“ кажа Заев.

Премиерот додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е антиевропска и анти-НАТО партија која носи изолација, како што имавме повеќе од една деценија. „СДСМ го заштити идентитетот и ја внесе земјата во НАТО. Со поддршка на иницијативата Отворен Балкан го унапредуваме и квалитетот за живот на сите. Северна Македонија е светол пример на Балканот“ кажа Заев и додаде дека тоа е патриотизам на дело

02.10.2021 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега