Заев од Волково: Тука ми е поубаво, дома си е дома

Остануваме на намерата преку делот на на училишен спорт да го зголемиме бројот на учениците кои спортуваат, од сегашните 5.000 на 50.000 во основното и средното образовение, изјави денеска премиерот Зоран Заев при увидот на градежните работи на изведбата на спортска сала во ОУ „Јоаким Крчовски“ во село Волково.

Тој наведе дека во ОУ „Јаоким Крчовски“ учат 367 ученици кои ќе ја користат спортската сала за физичко образование.

–  Директно од Бегингемската палата палата, дојдов во Волково да ја промовирам изградбата на спортската сала. Убаво е чувството, дома си е дома. Оваа Влада е посветена на спроведување на реформи во образованието кои се исклучително важни за обезбедување на квалитетен живот на младите и на децата, секако и на нивните родители. Направивме сериозни планови, најдовме решенија за мотивирање на наставниците со поголеми плати. Знаеме дека условите за наставниците и професорите мора да бидат обезбедени за да пренесуваат квалитетно знаење на самите ученици, истакна премиерот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега